Тричковски даде гол за АЕК, Алиоски асистираше за Фенер, на крајот гостите се радуваа

Фенербахче со 2:1 славеше на гостувањето кај АЕК во Ларнака, победа која го промовираше турскиот гигант во патник во нокаут-фазата од Лигата на Европа. По четири кола, Фенербахче има 10 бода, колку и Рен, додека АЕК е само со три бода, а Динамо Киев е последен без бодови.

Дуелот во Ларнака беше во знакот на македонските фудбалери. Најпрво Езџан Алиоски асистираше за погодок на Жоао Педро и водство на Фенербахче, а потоа во 52-рата минута Иван Тричковски како капитен на АЕК погоди од пенал за 1:1. Голот на Тричковски може да го видите ТУКА.

Алиоски беше заменет во 70-тата минута, а Тричковски играше до 75-тата минута. Фенербахче до победата стигна благодарение на голот од пенал на Батшујани во 80-тата минута, а гостите еднаш промашија и од белата точка, кога од 11 метри не погоди Енер Валенсија во 85-тата минута.

Во останатите мечеви од Лигата на Европа кои се играа од 18:45 часот: Бетис – Рома 1:1, Бодо/Глимт – Арсенал 0:1, Динамо Киев – Рен 0:1, Феенорд – Митјиланд 2:2, Нант – Фрајбург 0:4, Карабаг – Олимпијакос 0:0, Ројал Унион – Брага 3:3.

- Оглас -

Најнови вести