Голманот на Омонија призна дека е навивач на Манчестер јунајтед, се сликаше со менаџерот Тен Хаг

Чуварот на мрежата на кипарскиот тим Омонија, Френсис Узохо, бранеше одлично на гостувањето на „Олд Трафорд“, имаше 11 одбрани, а прими само еден гол, и тоа во 93-тата минута и кандидиран е за играч на колото во Лигата на Европа.

По мечот, Нигериецот призна дека е фан на Јунајтед и се фотографира со менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг.

„Ова беше најдобра партија во мојата кариера. Да, фан сум на Манчестер јунајтед, долго време сонував да бранам на овој стадион, по ждрепката се молев да останам здрав за да можам да бранам тука, му благодарам на Господ за шансата која ми ја даде“, рече Узохо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести