Вујкото Тони откри кога Рафа Надал ќе замине во пензија

По пензионирањето на Рожер Федерер, од големата тениска тројка останаа активни Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, а се очекува следен што ќе се повлече да биде Шпанецот, поради неговите хронични проблеми со повредите.

Неговиот вујко Тони Надал, смета дека Рафа ќе се повлече кога ќе престане да победува.

„Не сум јасновидец па да можам да кажам до кога Рафа ќе игра. Убеден сум дека се додека чувствува дека може да победува, Рафа ќе игра. Кога ќе му стане јасно дека нема да има можност да освојува трофеи, ќе замине во пензија. Едноставно, се ќе зависи од неговото тело, но и од противниците“, изјави Тони Надал.

Рафаел Надал годинава и покрај проблемите со повредите, има одличен скор од 38 победи и 5 порази и триумфира на два гренд слем турнири, Австралија Опен и Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести