Фудбалерите на Џирона и Кадиз одиграа нерешено 1:1 во натпревар од деветтото коло во Ла Лига. Ова беше пресметка на две екипи од долниот дом на табелата, а вистинска драма се случуваше во судиското продолжение кога кога домаќинот стигна до бод.
Во првото полувреме двете екипи имаа по една шанса, првата закана беше од домаќинот кога беше изблокиран ударот на Арнау Мартинез, а гостите се заканија преку Рубен Сорино.
Кадиз поведе на стартот од вториот дел, во 46. минута Алекс Фернандес со прецизен удар во долниот лев агол ја затресе мрежата на Џирона.
Домаќините до голот кој ги спаси од пораз дојдоа во 100-тата минута и тоа од пенал. Судијата Бенгоачеа досуди пенал за Џирона, ВАР ја потврди одлуката, а Кристијан Стуани беше сигурен реализатор за 1:1.