Ова ретко се гледа: Тепачка на женски фудбал во англиската Супер лигата (Видео)

Дуелот меѓу Вест хем и Астон вила во женската Супер лига на Англија ја одбележа тепачката меѓу две фудбалерки. Хав Сисоко и Сара Мајлинг беа во главна улога поради нивниот конфликт во судиското надополнување.

Овие фудбалерки беа во дуел за една топка на средината од теренот, кога во еден момент Мајлинг ја турна Сисоко, а потоа следуваше реакција и од фудбалерката на Вест хем. Сисоко без многу размислување силно ја удри Мајлинг во лицето, потег поради кој заработи црвен картон.

На крајот, Вест хем славеше на гости со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести