Повредата на Рис Џејмс заработена на дуелот против Милан е сериозна и тој ќе мора да паузира во следните осум недели, соопштија од лекарскиот тим на Челзи. Џејмс заработи повреда на коленото поради која предвреме го заврши дуелот на „Сан Сиро“, а лекарските прегледи го потврдија тоа од кое се стравуваше.
Џејмс нема да биде подготвен за настап на Светското првенство во Катар кое ќе започне за еден месец. Се очекува десниот бек на Челзи да биде во аут до крајот на 2022 година.
Get well soon, Reece! 💙 pic.twitter.com/jAYzCP5UOW
— Chelsea FC (@ChelseaFC) October 15, 2022