Ливерпул и Манчестер сити играат без голови по првото полувреме во големото дерби на 11-тото коло во Премиер лигата.
Шампионот Сити имаше повеќе од играта во првиот дел на „Енфилд“, имаше поголем посед на топката (45-55) благодарение на кратките додавања, повеќе шутеви во рамките на голот (1-3), но дефанзивците на Ливерпул успеаја да ја запрат главната закана за Алисон, Ерлинг Халанд.
Првата голема шанса ја имаше Диого Жота, но неговиот удар го запре Едерсон.
На спротивната страна, Халанд во 40-тата минута се обиде да го искористи центаршутот и со глава шутираше ниско по средина на голот, но Алисон успеа да го одбрани шутот.