Медведев ги изненади сите: Криеше дека сопругата му е бремена, а сега објави фотографија од најновиот член на семејството (ФОТО)

Рускиот тенисер Данил Медведев на социјалните мрежи објави дека станал татко. Тој своите фанови ги воодушеви со фотографија од најновиот член на семејството Медведев.

Под фотографијата што ја објави, Медведев напиша:
„Добредојде на светот, девојче“.


Медведев од 2018 година е во брак со Дарија, руска манекенка која е дипломиран новинар.

Добивањето ќерка е најдобриот момент за Медведев во животот, но и оваа година, која нема да ја памети по резултатите на тениските терени. Тој по финалето на Отвореното првенство на Австралија, кога загуби од Рафаел Надал, имаше голем пад во формата иако беше прв тениски рекет.

- Оглас -

Најнови вести