Милан го преживеа гостувањето во Верона и ги прескокна Лацио и Аталанта на табелата

Фудбалерите на Милан славеа на гостувањето кај Верона со 1:2 и на најдобар начин го искористија ремито на Лацио и Удинезе да се искачат на третото место на табелата во Серија А.

„Росонерите“ по 10 кола имаат 23 бода, три помалку од лидерот Наполи, еден помалку од Аталанта, но два повеќе од Лацио и Удинезе, кои денеска ремизираа играјќи без голови.

Натпреварот започна со водство на актуелниот италијански шампион, и тоа благодарение на фудбалер на Верона. Мигел Велосо си постигна автогол во деветтата минута, во обидот да блокира шут на гостите. Топката удри во него, го смени правецот и заврши во мрежата Монтипо.

Домаќините успеаја да дојдат до израмнување само десет минути подоцна преку Корај Гунтер.
Голот вреден три бода за Милан го постигна Сандро Тонали во 81-вата минута. До крајот на натпреварот, судијата Маса во 88-мата минута, по прегледување на снимката, одлучи да не досуди пенал за Верона поради играње со рака на гостински фудбалер во сопствениот шеснаесетник, по што Росонерите на крајот ги освоија трите бода.

- Оглас -

Најнови вести