Клоп задоволен од триумфот: Го победивме најдобриот тим на светот

Екипата на Ливерпул во големото дерби во Премиер лигата го совлада Манчестер сити со 1:0 и му го нанесе првиот сезонски пораз на актуелниот шампион.

Ливерпул е единствената екипа која сезонава ги совлада Граѓаните во сите натпреварувања, освен во Премиер лигата, Црвените беа и во Комјунити шилд кога славеа со 3:1.

Втората меѓусебна пресметка ја реши Мохамед Салах, кој го постигна само третиот гол во Премиер лигата сезонава.

Се браневме на неверојатно високо ниво, Сити не можеше да дојде до чисти контранапади, а ние трипати бевме во таква ситуација. Головите ги одлучуваат натпреварите, но сепак ние имавме многу добри моменти против, би рекол, најдобриот тим во светот“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

 

Темпераментниот Германец во финишот од натпреварот беше исклучен поради бурна реакција по дуелот на Салах и Бернардо Силва кога не беше досуден прекршок за неговиот тим.

Веројатно заслужив црвен картон, но не можете да дозволите тоа да се случи. Беше чист фаул, а помошниот судија не го подигна знамето. Сепак, ова беше многу добар натпревар со најдобар можен исход за нас“, додаде Клоп.

- Оглас -

Најнови вести