Непријатност за Србија: Лука Јовиќ се повреди на еден месец пред почетокот на СП!

Екипите на Лече и Фиорентина во овие моменти играат меч од Серија А, а излегувањето од игра на Лука Јовиќ ги загрижи Србите. Јовиќ се пожали на повреда и теренот го напушти уште во седмата минута.

До првиот меч на Србија на Мундијалот во Катар има уште 40-тина дена, па ако Јовиќ има посериозна повреда, би можело да остане без учество на СП. Ако не игра на СП во Катар, би било хендикеп за нашите северни соседи, иако во моментов во подобра форма од него се Алексндар Митровиќ и Душан Влаховиќ, па Јовиќ веројатно би бил резерва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести