Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, по поразот на каталонскиот тим од Реал Мадрид во 185-тото Ел Класико со 3:1 му постави ултиматум на тренерот Чави Ернандез.
Иако до минатата недела Лапорта се крстеше во Чави, кого го гледаше како идеален човек за враќање на Барселона на европскиот и шпанскиот трон, поразот од Реал Мадрид, како и ремито со Интер од 3:3 во Лигата на шампионите, со кои шансите за пласман во осминафиналето во елитното натпреварување се сведени на теорија, му се закани на тренерот со отказ иако е клупска легенда.
Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта му порачал на Чави дека мора да победи на следните два натпревари против Вилјареал и Атлетик Билбао, во спротивно ќе добие и отказ.
Чави, кој досега седеше на 50 официјални натпревари на клупата на Барселона, победи само на 56 отсто на натпреварите, што е најлош резултат од 2003 година и Франк Рајкард.
Како можни наследници на Чави на клупата на Барселона се споменуваат Томас Тухел, Марсело Галјардо и Јирген Клоп.