Со Баерн Минхен нема шега, „петарда“ добија домаќините кои први дадоа гол

Баерн Минхен со убедливи 5:2 го победија Аугсбург во дуел од Купот на Германија и главниот фаворит не дозволи изненадување, иако прв прими гол. Аугсбург се израдува на голот на Педерсен во деветтата минута, а Чупо-Мотинг израмни на 1:1 за нерешено по првиот дел.

Во второто полувреме Баерн ја покажа целата сила и со головите на Кимих, Чупо- Мотинг, Мусијала и Дејвис стигна до триумф, во кој беа постигнати вкупно седум погодоци.

Во следната фаза од Купот оди и Борусија Дортмунд по победата од 2:0 над Хановер, а Штутгарт немаше милост против Билефилд и победи со 6:0. Лидерот во Бундеслигата, Унион Берлин, со 2:0 го елиминира Хајденхајм.

- Оглас -

Најнови вести