Баерн конечно одлучи да ја игнорира традицијата и да плати 100 милиони евра за напаѓач, дилемата е дали да се пазари во Премиер лигата или во Лига 1

Управата на германскиот шампион Баерн Минхен одлучи да го игнорира правилото за скапи трансфери што го воведоа поранешните челници на клубот, Карл-Хајнц Румениге и Ули Хенес, и да плати колку што е потребно за идното лето да го донесе напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, пренесуваат германските медиуми.

Баварците уште во летниот преоден рок преку посредник контактирале со претставници на Кејн за евентуален трансфер, но англискиот репрезентативец одлучил сезонава да ја одигра како член на Тотенхем, објави „Скај Германија“.

За да дојдат до потписот со Кејн, челниците на Баерн се подготвени да платат повеќе од 100 милиони евра за трансферот и веруваат дека можат да го убедат одличниот напаѓач да се пресели во Бундеслигата и секоја година да освојува трофеи, а и да се бори за трофејот во Лигата на шампионите бидејќи германскиот тим секоја сезона е еден од главните фаворити за титулата.

Доколку не успее да се договори со Кејн, Баерн има резервна опција, тоа е напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, за кого интерес пројавува и Челзи.

- Оглас -

Најнови вести