Црвена ѕвезда е една од најдоминатните екипи во домашните првенства во Европа која минатата сезона до титулата стигна со 100 освоени бодови и имаше дури 32 победи во 37 кола. Дека и оваа сезона не е ништо поразлично, се потврдува по стартот на новата сезона во Суперлигата.
Актуелниот првак има 11 победи и само две нерешени, без ниту еден пораз и е лидер во српското првенство. Во овој период Ѕвесзда даде дури 38 погодоци, што е просек од речиси три гола на меч, а прими само пет погодоци.
Црвена ѕвезда вечерва ќе гостува во Нови Сад кај Војводина, а домаќините се надеваат дека може да останат непоразени, но сепак традицијата вели дека тоа е речиси невозможно. Од последните 16 дуели на овие два клуба, белградскиот гигант има 15 победи и само едно реми.