Кристијано Роналдо ѓаволски ги изнервира сите на кои при срце им е Манчестер јунајтед, па е суспендиран и буквално исфрлен од тимот по неспортскиот потег синоќа.
Роналдо нема да тренира со првиот тим на Манчетсер јунајтед во неопределен рок, а нема да игра против Челзи во сабота, откако против Тотенхем, како што објави „Дејли Мејл“, одбил да влезе во игра, а потоа на две минути пред завршувањето на дуелот, го напушти „Олд Трафорд“.
Cristiano Ronaldo refused to come on as a substitute in Manchester United's win against Tottenham Hotspur before leaving Old Trafford early. pic.twitter.com/F8Hmb6dXHn
— SPORTbible (@sportbible) October 20, 2022
Ова се случи вчеравечер на дуелот со Тотенхем што Црвените ѓаволи го добија со 2:0.
Роналдо не беше во стартниот состав, а потоа и одбил да влезе во игра како резерва, а за крај ѓаволски ги изнервира сите со предвременото заминување од стадионот.
https://twitter.com/septimusajprime/status/1582840545914679296?s=20&t=HASAlIF1dCLAN8jf4V6diQ
„Кристијано нема да биде во составот за мечот со Челзи. Остатокот од екипата тренира нормално за дербито во сабота“, објавија од Манчестер јунајтед.
Се говори дека клубот веќе нема да ги толерира испадите на Роналдо и ќе се обиде да го продаде во зимскиот преоден рок, иако тоа нема да биде лесно.
Речиси цело лето траеше трансфер-сагата за Португалецот, кој веќе е влезен во 38-мата година од животот, а неуспешни беа обидите да се пресели во ПСЖ, Баерн, Челзи, Спортинг, Атлетико…