Десет града се кандидати за домаќини на Летните олимписки игри 2036 година

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека преговара со 10 потенцијални града кандидати кои сакаат да бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2036 година.

Досега официјално интерес за организација на ЛОИ 2036 изразија: Каиро (Египет), Амхедабад (Индија), Нусантара (Индонезија), Доха (Катар), Фиренца и Болоња (Италија), Истанбул (Турција), Санкт Петербург (Русија), Берлин и Тел Авив (Германија/Израел), Одеса (Украина), Копенхаген (Данска), Лондон, Манчестер, Ливерпул, Бирмингем (Англија), Ченгду, Нанџинг, Шангај, Вухан, Далијан (Кина).

„Преговараме со десет заинтересирани национални олимписки комитети од четири континенти“, изјави генералниот директор на ИОК, Кристоф де Кепер, на состанокот на Асоцијацијата на националните олимписки комитети во Сеул, Јужна Кореја.

Домаќинот на Олимписките игри се одредува во таен процес што го водат претставници на ИОК за да се избегне скапа јавна кампања и гласање кое во минатото било оспорувано од градовите кандидати.

Со новиот систем, австралискиот град Бризбејн е избран да биде домаќин на ЛОИ 2032. Претходно, домаќини на ЛОИ ќе бидат Париз во 2024 и Лос Анџелес во 2028 година.

Системот беше воведен по истрагата која ја водеше Франција за наводното купување гласови во кампањите на Рио де Жанеиро и Токио за домаќини на Игрите во 2016 и 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести