Гвардиола му се извини на Ливерпул, ама со „половина уста“

Ливерпул поднесе жалба против навивачите на Манчестер сити за навредливите скандирања во неделата поврзани со трагедијата во Шефилд, кога пред 33 години загинаа 97 фанови на Ливерпул.

Менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола, му се извини на Ливерпул, но фановите на Црвените не се задоволни и сметаат дека Шпанецот тоа го направил со „половина уста“.

„Не сум ги чул скандирањата. Ако имало такво нешто, навистина жалам. Таквите скандирања не го претставуваат нашиот клуб“ – рече Гвардиола.

Граѓаните како клуб немаа официјален коментар, а се жалеа дека автобусот им бил нападнат.

- Оглас -

Најнови вести