Има еден апсолутен фаворит за пол-позиција, сите други се со квота над пет

Макс Ферстапен на претходната трка ја прослави втората светска титула во Ф1 шампионатот, а според квотите во Sport Life, се очекува Холанѓанецот да доминира и на денешните квалификации на трката за Големата награда на САД. Ретко кога имало ваква разлика меѓу еден возач со сите останати, како на денешните квалификации.

Најбрзото време да го има Ферстапен, коефициентот е 1.60, а потоа како најблизок ривал го сметаат Карлос Саинц кој има квота од 5 за да биде на пол позицијата. Потоа слеуваат Шарл Леклер со квота 7 и Луис Хамилтон кој има 9 коефициент за да биде најбрз вечерва.

Дека возачите на Ферари му се најголеми ривали на Ферстапен потврдува и фактот дека се очекува тој да биде најбрз, а во Топ 3 да се најдат и Леклер и Саинц.

- Оглас -

Најнови вести