Ислам Махачев стана нов светски првак во УФЦ во лесна категорија и донесе нова голема радост кај легендарниот непобедлив пензиониран борец Хабиб Нурмагомедов, кој е негов голем пријател. Махачев стигна до 11 победа по ред и го освои шампионскиот појас откако со „гушење“ го победи Бразилецот Оливеира.
По завршување на оваа борба, се случи мешаница и инцидент надвор од рингот. Хамзат Чимаев кој е голема УФЦ ѕвезда со биланс од 12 победи и ниту еден пораз, во последно време прави многу проблеми надвор од рингот, а така беше и овојпат.
Чимаев кој имаше инциденти со Кевин Холанд и Нејт Диаз, овојпат се степа со Дагестанецот Абубакар Нурмагомедов. Според снимките кои ги има, двајцата борци се поздравија, потоа малку поразговараа, а потоа Чимаев го удри Нурмагомедов, па се случи хаос покрај рингот во кој Хабиб заедно со Ислам се радуваа на шампионскиот појас.
Altercation between Khamzat and Abubakar #UFC280 pic.twitter.com/rvPWdiY6jy
— Ali (@jxkxd97) October 22, 2022
Брзо реагираше обезбедувањето и ги раздвои двајцата борци, а Чимаев мораше да ја напушти салата. Чеченецот Чимаев долги години е државјанин на Шведска, а тој е познат како голем пријател со чеченскиот воен лидер Рамзан Кадиров, кој дури му стана и кум.
Чимаев во Абу Даби беше во друштво токму со синовите на Кадиров, а чеченскиот борец се потруди и овојпат да се најде во центарот на вниманието.