Макс Ферстапен победи на Формула 1 трката за Големата награда на САД, и триумфот му го посвети на спонзорот на неговиот тим и газда на Ред Бул, Дитмар Матешиц, кој почина вчера.
Ферстапен за малку ќе беше жртва на грешка на механичарите во боксот на Ред Бул, но сепак успеа да го претрка Луис Хамилтон и потсети на ланските нивни легендарни дуели. На подиумот се најде и Шарл Леклер.