Партизан со реакција: Има ли смисла воопшто да се игра уште!?

Драматични беа двата дуели на српските гиганти кои играа вчера, а на крајот Црвена ѕвезда се радуваше на победа, додека Партизан одигра само нерешено, па разликата меѓу двата тима сега е седум бодови во корист на Црвено-белите.

Партизан на свој терен киксираше и одигра само 3:3 против еден од најлабите во лигата, тимот на Јавор од Ивањица. Фаворитот водеше со 3:1, но гостите дадоа два гола во последните 20 минути и стигнаа до неочекуван бод во Белград.

За разлика од Партизан, Црвена ѕвезда победи на гости во Ниш кај Раднички и тоа со гол во 90+7 минута. Раднички доби два црвени картони и остана само со девет играчи во игра, а Зведа голот за победа го даде буквално во последните секунди од мечот, за триумф од 2:1.

Челниците на Партизан реагираа со соопштение во кое ги коментираат судиските одлуки како на дуелот во Белград, така и на тоа што се случи во Ниш.

„ФК Партизан може само да постави прашање дали има смисла да се игра во вакви услови и со вакво судење. Во неколку минути имаме ситуација кога судијата без никакво двоумење покажува пенал против нас, а потоа кога очигледно треба да има пенал за нас, воопшто не сака да погледне ниту ВАР снимка. Затоа се прашуваме дали треба да се натпреваруваме во вакви услови, со вакво судење, каде немате рамноправни услови. Судиите на некои мечеви дозволуваат да се игра и до 97-98 минута (се мисли на мечот во Ниш на Раднички – Црвена ѕвезда) и исклучуваат играчи, се додека еден клуб не стигне до целта“, стои во соопштението на Партизан, од каде најавија дека ќе ја бараат официјална комуникација меѓу главниот судија и арбитрите во ВАР собата, околу спорната ситуација на дуелот во Белград.

https://twitter.com/i/status/1584262755799863296

На социјалните мрежи, од ФК Партизан поставија и фотографија на која претседателот на судиската комисија Дејан Филиповиќ е во дрес на Црвена ѕвезда. Фотографијата е од младите денови на Филиповиќ кој сега е прв човек на судиите.

- Оглас -

Најнови вести