Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели сега има можност да го купи Кристијано Роналдо, играч кој го смета за фудбалски бренд и неколкупати му сугерирал на Томас Тухел да го купат ова лето.
Германскиот тренер на Челзи не сакал да го послуша новиот газда и неколкупати одбил да се направи трансфер на Португалецот од Манчестер јунајтед во Челзи, со образложение дека не му се вклопува во концепцијата.
Германецот инсистирал да се купи Рахим Стерлинг, што и се случи за сума од 50 милиони фунти.
Тухел потоа доби отказ, а сега чист е патот за американскиот газда да го добие тоа што го сака и Португалецот во јануари, односно во зимскиот преоден рок да се пресели во Челзи.
Кристијано има и прави многу проблеми во Манчестер јунајтед, аурата му потемне, особено по неспортскиот потег на дуелот со Тотенхем, кога предвреме го напушти „Олд Трафорд“, а претходно и одбил да влезе во игра.
Беше казнет со еден меч неиграње од клубот и не настапи на дербито со Челзи во саботата што заврши 1:1.