Инцидентот на кошаркарскиот меч во Вишеград, БиХ, каде кошаркар нокаутираше двајца противници, доби срамен епилог. Тепачот Александар Божиќ од Слобода Нови Град, е казнет со забрана на настап од само два натпревари.
Комесарот за натпреварување на лигата на Република Српска, беше претерано мек кон кошаркарот кој прво еден ривал удри со топка в лице, а на друг му удри бокс, и му изрече минимална казна.