Каталонците ќе се крстат во „Света Викторија“, Чесите никогаш немале толку навивачи како денес

Тренерот на Барселона, Чави, најави дека сите фудбалери ќе треба да бидат на стадион во 18.45 часот за заеднички да го гледаат мечот Интер – Викторија П’лзењ, кој може да им ја одреди судбината на Каталонците.

Ако победи Интер, тогаш Барса останува без осминафинале во ЛШ и ќе се пресели во Лигата на Европа, но ако Викторија освои бод или три во Милано, Барселона добива убава прилика со победа над Баерн на мечот од 21 часот да се најде во поповолна позиција за пласман во осминафиналето.

Сите навивачи на Барселона денеска ќе навиваат за Викторија, но чешкиот тим нема освоено бод и ќе треба да приреди чудо за да ја израдува Барса, која потоа против најнезгодниот ривал за неа ќе треба да победи ако сака да го стигне Интер.

Интер и со нерешено против Викторија може да обезбеди осминафинале, но ќе треба и Барселона да не го совлада Баерн.

- Оглас -

Најнови вести