Роналдо почна да освојува трофеи со Јуве

Јувентус го совлада Милан со 1-0 во Суперкупот на Италија. Стрелец на победничкиот гол на оваа средба во саудискиот град Џеда беше Португалецот Кристијано Роналдо, за кого ова е прва титула по доаѓањето во Јувентус.

Роналдо одлично избегна стапицата на офсајд и по центаршутот на Миралем Пјаниќ од близина, со шут со глава ја застресе мрежата на Милан за 1-0 во 61-вата минута. Во 73-тата минута, Кеси од Милан беше исклучен по прегледување на телевизиска снимка, па шансите на „росонерите“ уште повеќе се истенчија.

Ова беше трето соочување на овие два тима во Суперкупот откако Јуве славеше во 2003 година, а Милан врати во 2016. Сега Јуве е рекодер со осум, а Милан остана со седум трофеи во 31-годишната историја на ова натпреварување.

Во првото полувреме Јувентус немаше ниту еден шут во рамките на голот на Милан и ова на „старата дама“ ѝ се случи првпат од септември наваму, кога против Сасуоло не упатија прецизен шут во првите 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести