Лејкерси се мизерни сезонава, Леброн за прв пат по дебитантската сезона има четири порази во четири меча (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс се само еден од трите тима што сè уште немаат триумф во новата сезона во НБА-лигата. Лејкерси четвртиот пораз во четвртиот меч сезонава го доживеаја од Денвер, и тоа со 110:99. Првата ѕвезда на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс, за првпат по дебитантската 2003/04 сезона има 0-4 во првите четири меча.

https://twitter.com/i/status/1585476191623860224

Клучен момент за победата беше третата четвртина, која Денвер ја доби со 32:17, по што двоцифрената предност ја зачува до крајот на натпреварот. Најдобар кај Денвер беше Никола Јокиќ со 31 поен, 13 скока и 9 асистенции, а Брус Браун даде 18 поени.

https://twitter.com/i/status/1585503941139521536

Во редовите на Лејкерси, кои заедно со Сакраменто и Орландо, сè уште немаат триумф, најдобро одигра Ентони Дејвис, кој оствари дабл-дабл од 22 поени и 14 скока.

Одлична партија одигра и Бојан Богдановиќ, кој во поразот на неговиот Детроит од 118:113 од Атланта постигна 33 поени.

Одличен беше и минатогодинешниот прв избор на драфтот, Кејд Канингем, со 26 поени, но Клиповите немаа решение за двоецот на Атланта Тре Јанг, кој даде 35 поени, и Џош Колинс, кој имаше скор од 19 поени и 11 скокови.

Милвоки бакс предводен од Јанис Адетокумбо, кој даде 43 поени, со 110:99 го совлада Бруклин нетс, за кого Кевин Дурант постигна 44 поени.

Во дербито на Истокот, Торонто со 119:109 ја совлада Филаделфија , додека Чикаго беше поуспешен од Индијана славејќи со 124:109.

- Оглас -

Најнови вести