Во квотите на денот доминираат игрите на голови, петте меча прават коефициент 49.94

Петте меча кои се одбрани да бидат дел од денешните Квоти на денот носат вкупен коефициент од 49.94, а доминираат натпреварите во Лигата на Европа и Лигата на конференциите.

Еден од најинтересните натпревари треба да се игра во Ајндховен, каде што ПСВ го пречекува Арсенал и на овој дуел се очекуваат голови. Предлогот на Sport Life е да се одигра на голови, да има најмалку еден гол во првото полувреме, а три или повеќе на целиот меч, а квотата за такво нешто е 2.00.

Ница го пречекува Партизан во дуел на кој се очекува да има 1-3 голови во двете полувремиња. Квотата за оваа игра е 2.10.

Лацио е фаворит дома против Митјиланд и освен „кецот“, во комбинација оди и играта 2-5 гола, а коефициентот е 2.20.

Реал Сосиедад ќе ја има фаворитската улога на жешкото гостување во Кипар кај Омонија Никозија, а предлогот е да се одигра на голови на шпанскиот тим. Квотата за Реал Сосиедад да постигне најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот меч е 2.30.

Црвена ѕвезда на стадионот „Рајко Митиќ“ го пречека Трабзонспор, за кого се очекува да настапи македонскиот репрезентативец Енис Барди. Ова е клучен меч за двата тима и се очекува Црвено-белите носени од своите навивачи да не загубат, а двата тима да дадат гол. За играта 1Х&ГГ квотата е 2.35.

- Оглас -

Најнови вести