Рома и Лацио мора да победат, Фрајбург останува перфектен

6037 Фрајбург – Олимпијакос (21.00 часот)

Германскиот тим има максимален скор по четири меча во групата Г во Лигата на Европа со гол-разлика 11:1, а игра одлично и во Бундеслигата, каде што е третопласиран само со два бода помалку од лидерот Унион Берлин.

Олимпијакос пак освои само еден бод во Лигата на Европа, а не му цветаат розите ниту во грчкиот шампионат, каде што веќе заостанува 10 бода зад лидерот Панатинаикос. Грците веќе се откажаа од Европа сезонава, имаат нов тренер во Шпанецот Мичел и фокусот ќе им биде на домашното првенство.

Првиот натпревар во Пиреја заврши со убедлив триумф на Фрајбург од 3:0. Се очекува Фрајбург да слави вечерва пред своите гледачи.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.93)

 

6762 Вест хем – Силкеборг (21.00 часот)

Ова е дуел на двете првопласирани екипи во групата Б, Вест хем има максимални 12 бода и обезбеден пласман во нокаут-фазата, додека Силкеборг е второпласиран со 6 бода.

Чеканите не ја започнаа добро сезоната и менаџерот Дејвид Мојс беше на удар на јавноста, а навивачи бараа негова оставка, но работите се сменија во последните 40-тина дена и Вест хем почна да бележи добри резултати. Во последните пет меча во Премиер лигата имаат три победи и по еден пораз и реми, но тоа што ги радува фановите е одличната игра на Чеканите.

Силкеборг игра во променлива форма, се наоѓа во серија од три меча без победа во данскиот шампионат, а на последниот натпревар загуби од Хорсенс со 3:2.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.40)

 

6045 Ница – Партизан (18.45 часот)

Ова е дуел на двете првопласирани екипи во групата Д во Лигата на конференции, Партизан е лидер со 8 бода, а Ница има три помалку. Ница се наоѓа во серија од три меча без победа, двапати играше 1:1 во Лига 1 против Нант и Оксер, а загуби од Словачко пред две недели со 1:2.

Партизан во неделата ја прекина серијата шест победи по ред играјќи 3:3 против Јавор на домашен терен.

Тренерот на Ница, Луцијан Фавр, форсира офанзивен фудбал со многу трчање, пресинг на противничка половина и тој стил им креира доста шанси на натпреварите. Иако нема да може да смета на Тодибо, Лотомба и Диоп, за очекување е тренерот Фавр да нареди офанзива уште од првата минута, а адути во нападот ќе му бидат Пепе, Лаборд и Баркли.

Тренерот на Партизан, Гордан Петриќ, со засилен среден ред ќе се обиде да ги сопре нападите на Ница, но дали ќе биде доволно, ќе видиме вечерва.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.30)

 

6027 Лацио – Митјиланд (18.45 часот)

Во групата Ф на две кола до крајот ништо не се знае, сите екипи имаат по пет бода. Лацио има шанса со еветуален триумф да направи голем исчекор кон една од првите две позиции, а дополнителен мотив на играчите на Маурицио Сари ќе им претставува убедливиот пораз од првиот меч.

Во првото коло, данскиот тим на домашен терен го торпедира Лацио со 5:1 Токму тоа е последниот пораз на римјаните ,кои оттогаш имаат серија од седум меча без пораз, а одлична најава за вечерашниот дуел им е победата во неделата над Аталанта во Серија А со 2:0.

Очекуваме Лацијалите да слават и да се реваншираат за убедливиот пораз во Данска.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.89)

 

6035 Хелсинки – Рома (21.00 часот)

Вечерва игра и вториот тим од Рим, кој мора да слави на гостувањето кај Хелсинки за да остане во игра за второто место на табелата.

Рома по четири кола има четири бода, додека Хелсинки е последен само со еден освоен бод.

Мурињо нема да може да смета на повредениот Пауло Дибала, но има доволно квалитет за да слави во Финска и да се врати во игра за второто место на табелата.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести