Голот на Лионел Меси за стартна предност од 1:0 во победата од 7:2 на Пари Сен Жермен против Макаби Хаифа е најубав гол на петтото коло во Лигата на шампионите.
Големиот фудбалски волшебник со надворешна од спротивен агол ја погоди десната страна од голот на Израелците, а голманот Коен беше немоќен.
Во конкуренција на уште три убави голови, Матео Гендузи од Олимпик Марсеј е на второто место со почесниот погодок за францускиот тим во поразот од Ајнтрахт во Франкфурт со 2:1.
Се чини дека потценети се погодоците на Кај Хаверц, кој на мајсторски начин му даде гол на Салцбург за победа на Челзи од 2:1 и на Рафа Силва за Бенфика, кога погоди со петица во триумфот на Орлите од Лисабон против Јувентус со 4:3.
https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1585593256397651968?s=20&t=WN0RgsDfvuCNd2poKYVOGw