Мегваер играше, а Јунајтед не прими гол, Црвена ѕвезда и Рома се враќаат во игра!

Манчестер јунајтед со победата од 3-0 над Шериф остана во трка за првото место во својата група, но ќе мора во последното коло да слави на гости кај Реал Сосиедад, кој во пет кола има пет победи.

Кристијано Роналдо повторно успеа да даде гол против Шериф, а во второто полувреме играше Хари Мегваер и тимот на менаџерот Ерик Тен Хаг не прими гол, нешто што многу ретко се случуваше сезонава со Мегваер на терен.

Црвена ѕвезда го победи Трабзонспор на Енис Барди со 2-1 и сега има шанса да се најде во нокаут-фазата на Лигата на Европа бидејќи има еднаков број бодови со турскиот тим, а еден помалку од Монако.

Важна победа извојува Рома од 2-1 над ХЈК, бидејќи тоа во комбинација со поразот на Лудогорец од Бетис ги остави римјаните и Бугарите со еднаков број бодови пред последното коло.

- Оглас -

Најнови вести