ПСЖ нема пораз кога Рамос е на терен, Шпанецот утре оди по еден рекорд!

Утрешниот натпревар на Пари Сен Жермен со Троа може да му донесе француски рекорд на Серхио Рамос.

Шпанскиот дефанзивец во дресот на Светците има серија од 29 меча без пораз во сите натпреварувања, а ако ПСЖ не загуби од Троа, Рамос ќе го урне рекордот на Хуан Пабло Сорин, кој немаше пораз на 21 средба едноподруго во француската лига.

Со Рамос на терен, ПСЖ уште нема загубено ниту еден меч. Екскапитенот на Реал Мадрид во Париз дојде летото 2021 година, но во првата сезона имаше многу проблеми со повредите и ретко играше, а сега сликата е поинаква. Тој е здрав и ја предводи одбраната на тимот во кој нападот е најсилното оружје, а им носи и среќа.

- Оглас -

Најнови вести