Искусната романска тенисерка Сорана Кирстеа во едно интервју откри дека спонзорите повеќе се грижат за изгледот на тенисерките отколку за нивните игри на терен. Оваа изјава на 32-годишната Кирстеа, која моментно е 28-ма на ВТА-листата, донесе доста контроверзии во светот на тенисот.
„Се сеќавам дека кога го потпишав договорот со брендот „Адидас“, ми рекоа: Подобро да изгледаш добро и да бидеш во топ 29 отколку не толку убава и број 1. Тогаш сфатив дека важен им е само физичкиот изглед и маркетингот“, рече Кирстеа.
Кирстеа се пожали и дека тенисер(к)ите од Источна Европа не се толку ценети.
„Најдобро платени се тенисерки од САД, Кина или Јапонија. Исто добро поминуваат пазари како Велика Британија и Шпанија. Источна Европа не“, тврди Кирстеа.