Формула 1 тимот на Ред Бул е казнет со седум милиони долари бидејќи го пречекорил буџетот за 2021 година. Но, ова не е единствена казна за Ред Бул, на тимот за 10 отсто ќе му бидат редуцирани тестирањата за аеродинамиката на болидите, соопшти Светската автомобилистичка федерација (ФИА).
ФИА исто така не одлучи реатроактивно да му одземе бодови на Ред Бул поради пречекорување на буџетот кое изнесуваше 1,6 отсто, па така Макс Ферстапен ќе ја задржи титулата од минатата година, до која дојде на последната трка, и тоа во последниот круг, со што ја прекина доминацијата на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
Ред Бул има рок од 30 дена да ја плати паричната казна, додека ограничувањата за тестирањата на аеродинамиката на болидите ќе трае 12 месеци, односно до крајот на идната сезона.