Трансферот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона беше еден од најзвучните во летниот преоден рок, а со него челниците на баварскиот тим покажаа дека се мајстори на својот занает.
Барселона плати 45 милиони евра за трансферот, а сега е откриено дека Баерн може да добие дополнителни пет милиони евра со лесно остварлива клаузула.
Баварците во трансферот на Левандовски, кој одигра 375 натпревари за нивниот тим и постигна 344 гола, вметнаа клаузула според која лесно може да инкасираат пет милиони евра доколку Полјакот продолжи да ги тресе мрежите и во дресот на Барселона, а засега тоа одлично му оди.
Имено, со клаузулата Барселона е обврзана на Баерн да му плати 1,25 милион евра на крајот од секоја сезона во која Левандовски ќе даде најмалку 25 гола во сите натпреварувања.
Оваа сезона сигурно е дека на сметката на Баерн ќе легнат 1,25 милион евра бидејќи Левандовски на 16 натпревари постигна дури 17 гола.
Полјакот даде 12 гола на 11 настапи во Ла Лига и е прв стрелец, а останатите пет гола ги даде во Лигата на шампионите.