Црвено-бела недела во Европа: Ѕвезда победуваше во фудбал, кошарка, ватерполо и одбојка

Изминатата недела ќе остане запаметена како една од најуспешните во поновата историја на спортското друштво Црвена ѕвезда од Белград.

Тимовите на Црвено-белите, победија на пет европски мечеви.

Серијата почна со триумф на одбојкарките на Ѕвезда во квалификациите од Лигата на шампионите во одбојка за жени. Женскиот тим на Ѕвезда славеше минимална победа во првото коло од Еврокупот.

Успешни беа и кошаркарите кои синоќа ја извојуваа првата победа сезонава во Евролигата, го победија Баерн.

Фудбалерите го совладаа Трабзонспор во Лига Европа, а максималниот европски учинок на Црвена ѕвезда го заокружија ватерполистите со победа над Монпелје во Еврокупот.

- Оглас -

Најнови вести