Браитвајте даде прв гол за Леганес, и тоа против Реал Мадрид

Леганес го совлада Реал Мадрид со 1-0 во реваншот од осминафиналето во Купот на Шпанија, но во следната фаза оди Кралскиот клуб бидејќи првата средба заврши со триумф на Реал од 3-0.

Погодокот за Леганес го даде Данецот Мартин Браитвајте во 30-тата минута, откако добро се снајде во една мешаница во петерецот пред голот на Кејлор Навас. За него, ова е прв погодок во дресот на малиот клуб од Мадрид.

Од 32 меча сезнава, Реал само на 12 не прими гол. Од шпанските прволигаши, само Уеска има примено повеќе голови сезонава од Реал. Ако ништо друго, фаворитот барем му се реваншираше на Леганес за ланската елиминација во ова исто натпреварување.

Интересно е што Иско по подолго време беше стартер, а кога тој игра, Реал има 7 победи на 12 меча. Кога не игра Иско, Реал ги доби сите натпревари.

- Оглас -

Најнови вести