Фановите ги избраа најдобрите играчи во историјата на Баерн, Левандовски е втор, а прв е друг легендарен напаѓач

За најтрофејниот клуб во Германија играле многу големи фудбалски легенди, а Германците одлучија преку анкета да ги прашаат фановите кого го сметаат за најдобар играч во историјата на баварскиот тим.

Во анкетата гласаа повеќе од 10.000 луѓе и тие одлучија дека ниту Роберт Левандовски, ниту Франц Бекенбауер ниту пак Карл-Хајнц Румениге, не се најдобри играчи во историјата на Баерн Минхен, туку тоа е Герд Милер.

Легендарниот напаѓач за Баерн даде 365 гола на 427 натпревари и беше дел од тимот кој во 1974, 1975 и 1976 година, три пати по ред триумфираше во тогашниот Куп на европски шампиони.

На второто место се најде Роберт Левандовски кој по осум години играње на „Алијанц“ Арената, летово се пресели во Барселона, додека трет е Франц Бекенбауер.
На четвртото место е актуелниот капитен на тимот, Мануел Нојер.

Најдобри 15 играчи во историјата на Баерн:

1. Герд Милер
2. Роберт Левандовски
3. Франц Бекенбауер
4. Мануел Нојер
5. Томас Милер
6. Филип Лам
7. Арјен Робен
8. Лотар Матеус
9. Оливер Кан
10. Бастијан Швајнштајгер
11. Френк Рибери
12. Карл-Хајнц Румениге
13. Мајкл Балак
14. Сеп Мајер
15. Дејвид Алаба

- Оглас -

Најнови вести