Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, нема нема некои големи планови за зимскиот преоден рок. Вообичаено, Реал Мадрид ретко купува фудбалери во јануари и најверојатно така ќе биде и сега.
„Не размислуваме за зимскиот преоден рок. Ова е тимот со кој ќе играме до крајот на сезонава, нема да го менуваме“, рече Анчелоти.
Следниот предизвик за Кралевите е дуелот со Жирона, а натпреварот ќе се игра утре на „Сантијаго Бернабеу“.
“Жирона игра добар фудбал, сака да ја има топката во свој посед. Офанзивно, тие се доста добро организирани и мора добро да се браниме. Мора да бидеме фокусирани од првата минута и мора да победиме, откако загубивме до Лајпциг во Лигата на шампионите“, додава Анчелоти.