Менаџерот на Челзи, Греем Потер на „Фалмер“ стадионот каде помина три години, нема да ги памети по добро првите минути. Неговиот поранешен тим Брајтон по само пет минути игра поведе со 1:0 против Челзи, а по 14 минути водството е дуплирано.
Стрелец на првиот гол беше Леандро Тросард. Интересно е што Белгиецот ги постигна сите голови за Брајтон по доаѓањето на Роберто де Зерби на клупата на премиелигашот.
Тросард ги постигна сите четири гола за Брајтон на петте натпревари на кои тимот е предводен од Де Зерби. Белгиецот му даде три гола на Ливерпул во ремито од 3:3, а му даде гол и на Манчестер сити во минатото коло во поразот од 3:1.
На 2:0 зголеми Рубен Лофтус-Чик со автоголот во 14-та минута.