Дури 2.740 прогнозери типуваа во единаесеттото коло на Спортска прогноза, што е рекорден број во петтата сезона на бесплатната игра на Sport Life и Спортманија, но само двајца ги погодија сите шест саботни натпревари.
М. Мартин и А. Милутин ги погодија сите шест меча, а само уште тројца имаат пет погодени парови.
Тие за да бираат кој од трите подароци од премијата сакаат да го земат
Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет или X Box Series X, мора да ги погодат денешните седум меча.
И двајцата прогнозери играле различни игри за денешните средби, единствено немаат дилеми дека Шалке ќе го совлада Фрајбург.
За денешните натпревари, прогнозерите најмногу му веруваат на Лион, дури 75 отсто сметат дека Лил ќе загуби, додека 54 отсто од прогнозерите сметаат дека Атлетик Билбао ќе го совлада Вилјареал, а 51 отсто сметаат дека Хофенхајм ќе го победи Келн како гостин.