Игуаин во Челзи, Мората во Атлетико, Пјонтек во Милан

Гонзало Игуаин синоќа, во Суперкупот на Италија го одигра својот последен меч во дресот на Милан и до крајот на сезонава ќе настапува за лондонскиот Челзи. Аргентинскиот напаѓач има договор со Јувентус, па во Челзи ќе игра како позајмен, исто како што го правеше тоа кај „росонерите“. Договорот за позајмица треба да се официјализира денеска.

Преминот на Игуаин во Челзи ќе значи дека од лондонскиот тим ќе си замине Алваро Мората и се шпекулира дека е најблиску до Атлетико Мадрид. Кој ќе го наследи Игуаин во нападот на Милан, не се знае, но фаворит е Полјакот Кжиштоф Пјонтек од Џенова, кој е втор стрелец во Серија А.

Тренерот Маурицио Сари инсистираше да го донесе Игуаин, кој кога тој го тренираше (во сезоната 2015/2016), даде рекордни 36 гола на 35 меча во Наполи. Како играч на Милан, популарниот Пипита даде 8 гола на 22 средби.

- Оглас -

Најнови вести