Пабло Мари, фудбалерот на Монца на позајмица од Арсенал не бил случајно нападнат од психички пореметениот убиец во трговскиот центар во близината на Милано, туку напротив само тој требало да биде мета и да биде убиен.
Ова е признанието на 46-годишниот напаѓач кој со нож уби едно лице, а повреди уште неколку лица меѓу кои и фудбалерот Мари.
„Бев љубоморен на него кога го препознав. Тој има се и е добро, а јас сум болен и мизерен. Тогаш го нападнав со нож и требаше тука да застанам. Не знам зошто ги нападнав другите луѓе, изјавил убиецот во судот во Милано.
Тоа значи дека шпанскиот фудбалер првично бил единствената мета на убиецот, кој и буквално заклал 47-годишен Боливиец со кујнски нож, а избоде и повреди уште петмина.
Мари во петокот беше опериран со убодни рани од нож и е во стабична состојба.
Се очекува да паузира најмалку два месеци и потоа да се врати на терен.