Судијата не му дозволи на Реал Мадрид да ги победи каталонците? (Видео)

Барселона и Каталонија слават, Жирона освои бод на гостувањето кај Реал Мадрид, во контроверзен меч во кој имаше спорни судиски одлуки на штета на шпанскиот првак.

Реал долго се мачеше и конечно поведе во 70-та минута преку Винисиус по асистенција на Валверде, нешто што наликуваше на погодокот против Ливерпул од финалето на ЛШ.

Но, десет минути подоцна, топката го удри Асенсио во рака откако прво се одби од неговите гради, и судијата откако гледаше снимка, процени дека треба да има пенал, иако домашните не се согласуваа со тоа. Стуани не погреши и израмни на 1-1. Во 89-та минута Родриго даде гол за Реал, но овој гол беше поништен поради фаул над голманот.

Сега Реал има само еден бод предност во однос на Барслеона.

- Оглас -

Најнови вести