Милвоки и Јанис треба да ја продолжат доминацијата на стартот во сезоната во НБА

8352 Милвоки бакс – Детроит пистонс (1:00 ч.)

Милвоки бакс е единствен тим во новата сезона кој сè уште не ја почувствувал горчината на поразот и веднаш се наметна како главен фаворит за пласман во големото финале од Источната конференција.

Првата ѕвезда на тимот, Јанис Адетокумбо, игра неверојатно на стартот и на петте меча има просек од 34,4 поени и 14 скока по натпревар и за очекување е Милвоки да дојде до уште една победа вечерва, овој пат против Детроит, кој има две победи и пет порази. Дека знае да биде жилав противник, Детроит покажа на последниот натпревар, на кој го совлада шампионот Голден стејт со 128:114.

Предлог тип: 1&>224,5 (1.64)

 

8354 Лос Анџелес клиперс – Хјустон рокетс (3.30 ч.)

Ова се очекува да биде еден од мечевите на кои домашниот тим треба да слави. Минатата сезона ЛА клиперс победи на три од четирите меча, а на единствениот дуел што се играше во Лос Анџелес победата беше изразена со 31 поен (142:111).

И двата тима не играат според очекувањата, Хјустон има скор 1-6 и заедно со ЛА лејкерс се последни на Западот, додека Клиперс имаат скор 2-4. Дел од причините за послабите игри на Клиперс лежат во повредата на најдобриот играч Кавај Ленард. Сепак, тренерот Тајрон Лу во тимот има уште една голема ѕвезда, Пол Џорџ, кој треба да истапи кога е најпотребно.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 8.5 поени (1.82)

 

8368 Џордан Кларксон (Јута Џез – Мемфис гризли, 2.00 ч.)

Јута џез вечерва игра против Мемфис гризлис, кој минатата сезона предводен од Џа Морант играше во полуфиналето на Западната конференција.

Двата тима одлично ја започнаа сезоната, Јута мометно е трета на Западот со скор 5-2, додека Мемфис има победа помалку. Хендикеп за Мемфис ќе претставува неиграњето на болниот Џа Морант, а се очекува тоа да го искористи бекот на Џезерите, Џордан Кларксон, кој е втор стрелец на тимот.

Кларксон просечно постигнува по 17,3 поени по натпревар и се очекува вечерва да постигне најмалку 18 поени.

Предлог тип: >17.5 поени (1.87)

 

8360 Кевин Дурант (Бруклин нетс – Индијана пејсерс, 00.30 часот)

Бруклин игра очајно на стартот од сезоната, а единствена светла точка во тимот е првата ѕвезда Кевин Дурант. Дурант просечно постигнува 32 поени по натпревар и се обидува да го извади тимот од кризата.

Со овој просек, Дурант е петти стрелец во НБА, а се очекува против Индијана пејсерс да го покаже целиот свој „офанзивен“ арсенал.

Предлог тип: >30.5 поени (1.87)

 

8345 Вашингтон визардс – Филаделфија сиксерс (00.00 ч.)

Филаделфија, која во тимот има двајца кандидати за МВП признанието, Џоел Ембид и Џејмс Харден, прикажува променливи игри на стартот од сезоната и со скор 3-4 моментно и на деветтото место на Истокот. Вашингтон пак е на половичен учинок, има по три победи и порази и моментно е седми во истата конференција.

И двата тима постигнуваат просечно по 109 поени, а главен адут во нападот им е шутот за три поени и тука имаат речиси идентични бројки. Играчите на Филаделфија просечно упатуваат по 33,6 поени, додека тие на Вашингтон 30.

Двете големи ѕвезди на Филаделфија, Ембид и Харден, сè уште не влегле во посакуваниот ритам, а кога ќе го сторат тоа, тогаш можат да ја победат секоја екипа.

Предлог тип: 2&>216,5 (1.81)

- Оглас -

Најнови вести