Поранешна српска кошаркарка отвори профил на „ОнлиФанс“: Ги слушнав вашите желби

Поранешната српска репрезентативка Милица Дабовиќ одлучи да ја исполни желбата на голем број нејзини следбеници на „Твитер“ кои бараа таа да отвори профил на платформата „Онлифанс“.

Станува збор за платформа која функционира по принципот – плати, па гледај, а стана популарна благодарение на голем број ѕвезди кои се одлучија на ваков тим на интеракција со фановите. На „ОнлиФанс“ не се објавуваат секојдневни фотографии и видеоснимки, туку најчесто тоа се провокативни фотографии на кои ѕвездите се разголени.

„Сакам да се фотографирам, го сакам своето тело, така што, сега сите фотографии ќе одат таму. Помалку или повеќе, уште еден скандал. Падна и облог дека ќе имам 1.000 претплатници за 48 часа“, објави Дабовиќ на својот профил на „Твитер“.

Поранешната репрезентантивка на Србија е доста популарна на социјалните мрежи, на „Инстаграм“, каде што вообичаево објавува провокативни фотографии, има повеќе од 200.000 следбеници.

Милица Дабовиќ со репрезентацијата на Србија во 2015 година стана европски шампион, а на Олимписките игри во Рио де Жанеиро го освои бронзениот медал.

- Оглас -

Најнови вести