Порано играше во Лигата на шампионите, а сега точи пиво ѝ е газда на најлошиот англиски тим кој има гол-разлика 2:128

Њукасл стана најбогат спортски клуб на светот откако беше купен од страна на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и сезонава го започна враќањето во врвот на англскиот фудбал, а последниот голем успех го имаше точно пред 20 години, кога играше во Лигата на шампионите.

Тогаш прва ѕвезда на тимот беше Алан Ширер, а еден од играчите без кои не можеше да се замисли Њукасл беше бекот Оливие Бернар, кој денеска работи невообичаена работа за фудбалер и е газда на најлошиот тим во Англија.

Бернар моментно живее во Блут, гратче на половина час возење со автомобил од Њукасл и таму е сопственик на пабот „Мејсонс Армс“, каде што точи пиво, прави коктели и гостите ги послужува со храна. Поранешниот фудбалер вели дека тоа е работата што отсекогаш сакал да ја работи.

„Ова е паб на Њукасл, но тука доаѓаат и навивачи на Сандерленд“, вели Бернар за таблоидот „Сан“.

Бернар не се откажа од фудбалот, тој е сопственик на Дурам сити, најлошата екипа во сите 11 англиски фудбалски лиги.

Сезонава Дурам сити во Веарсајд лигата има 13 порази во 13 кола и неверојатна гол-разлика од 2:128. Освен што е најлош тим во Англија, Дурам сити има и долгови. На соседниот клуб му должи 2.500 фунти, а нема да ги покрие патните трошоци и поради тоа, играчите неодамна со сопствени возила патуваа 200 километри за да играат во Виндскејл. На теренот се појавија десетмина фудбалери наместо 11, а загубија со 14:0.

Бернар го купи клубот кој за една година смени дури четворица тренери, во 2013 година, и сакаше да го направи филијала на Њукасл, Сандерленд и Мидлсбро, но никако да крене глава од проблеми.

Во 2015 година, поради судски спор со сопственик на земјиште, Дурам сити остана без „фудбалски дом“ и сега игра на терен без трибини и соблекувални.

Моментно екипата просечно ја следат по 20-мина гледачи, а навивачите не доаѓаат на натпреварите бидејќи му се лути на Бернар, кого го сметаат за единствен виновник за ситуацијата во која се ноаѓа клубот.

- Оглас -

Најнови вести