Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, вечерва против Интер планира да им даде шанса на некои од младинците. Баварците веќе го имаат обезбедено првото место во „групата на смртта“, но и со комбиниран состав ќе се обидат да дојдат до шестата победа во шест меча.
На последниот тренинг на Баерн се појавија и неколку младинци: голманот Том Ритци Хулсман, дефанзивците Џастин Јаничек и Габриел Марушиќ, како и Германецот со косовско потекло, Аријон Ибрахимовиќ, кој игра во средниот ред.
Минутажа може да добие и талентот Паул Ванер, кој од минатата сезона е дел од првиот тим на Баерн, но поради конкуренцијата, ретко добива шанса.
Нагелсман потврди дека вечер нема да играат Мануел Нојер, Томас Милер, Лерој Сане, Лукас Ернандес, Матајс де Лихт и Буна Сар.