Во новото коло на Спортска прогноза врие од дерби-пресметки, меѓу нив најголемото во Италија, како и битките за Лондон, Севилја, Рим и Истанбул

Новото, 12-то коло на Спортска прогноза која ја организираат Спорт Манија и Sport Life нуди повеќе големи дерби-пресметки во топ-лигите, а меѓу нив е Дерби Италија, односно најголемата дерби-пресметка во Серија А меѓу Јувентус и Интер.

Исто така прогнозерите ќе можат да го прогнозираат и исходот на римското дерби, битките за Лондон, Севилја и Истанбул, а има и две големи дерби-пресметки и во Премиер лигата.

Колото ќе започне со натпреварот во сабота, во 15 часот, од Серија А меѓу Емполи и Сасуоло.

Во сабота од 18 часот ќе се игра првото големо дерби, Галатасарај на „Ататурк арената“ го пречекува градскиот ривал Бешикташ. Предизвик за прогнозерите ќе биде да се погодат исходите меѓу Хофенхајм и Лајпциг, Евертон и Лестер, како и меѓу Нотингам форест и Брентфорд.

Прогнозерите в недела ги очекуваат неколку дерби-пресметки. Денот ќе започне со лондонското дерби меѓу Челзи и Арсенал, а во Лондон ќе се игра уште едно големо дерби, од 17 часот Тотенхем го пречекува Ливерпул.

Вечерта е резервирана за најголемото дерби во Серија А, Дерби Италија, во кое Јувентус игра против Интер. Ништо понеизвесни не би требало да бидат и мечевите меѓу Рома и Лацио, Марсеј и Лион, а Тринаесетката завршува во шпанското градско дерби меѓу Бетис и Севилја.

За погоден максимален број парови од оваа сезона имате можност сами да си одбрете еден од трите подароци, а изборот е меѓу:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X

Sport Life и Спорт Манија стандардно ги наградуваат и утките, па со промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за една утка ви следува ваучер од 1.000 денари.

Спортската прогноза може да ја играат сите оние коишто имаат извадено Sport Life картичка, а оние коишто ја немаат таа картичка, може БЕСПЛАТНО да аплицираат ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести