Ги имате Мбапе, Нејмар и Меси, но тоа нема да ви помогне бидејќи го немате Бог

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, во интервју за француска телевизија зборувајќи за ситуацијата во ПСЖ по неговото заминување уште еднаш покажа дека има огромно его.

„Откако си заминав од Франција, сè тргна наопаку. Во Франција нема за што да се зборува, јас сум ѝ потребен на Франција, но таа не ми треба мене. Иако ги имате Мбапе, Нејмар и Меси, тоа нема да ви помогне бидејќи го немат Бог“, рече Златан.

Иако во својата кариера ги нема освоено двата најважни трофеи, тој од Светското првенство и тој од Лигата на шампионите, Златан е самобендисан до таа мерка што секогаш ги истакнува своите играчки квалитети, а никогаш не зборува за клупските успеси и често ги омаловажува останатите фудбалски ѕвезди.

Тој е третиот најдобар голгетер во историјата на ПСЖ, а со Светците освои четири титули во Лига 1, два купа, три Лига купа и три Суперкупа на Франција, но во Лигата на шампионите најдалеку стигна до четвртфиналето.

Златан и во минатото даваше изјави во кои себе си се претставуваше како Бог и ги омаловажуваше клубовите и фудбалските ѕвезди:

„Светското првенство не постои без мене. Нема што да се погледне, ниту со нетрпение да го чекате“.

„Кому му треба прекарот Тигар за да се плаши? Не ми треба таков прекар, доволно е да се појавам на теренот“.

„Што ѝ подарив на жена ми за роденден? Ништо, веќе го има Златан“.

„Руни може да дојде во Париз, јас би сакал да играме заедно. Но, тој мора да се навикне на податокот дека постигнувам повеќе голови“.

„Стил? Шведски стил? балкански стил? О не, овој стил се вика стилот на Златан“.

„Челзи не може да ме ангажира, имам повеќе трофеи од нив“.

- Оглас -

Најнови вести